Американецот одби да го дели златниот медал, побара „мајсторка“, па загуби

8855

Интересен момент во Париз, слика реприза од Токио 2021 година кога Тамбери и Баршим си подадоа рака и го поделија златниот медал во скок во височина.

Ситуацијата се повтори но сега по друго сценарио. Едниот натпреварувач одби да го дели златото и побара „мајсторка“.

Шелби Мек Еван од САД и Хамиш Кер од Нов Зеланд беа изедначени во се, па можеа двајцата да го поделат златниот медал. Сепак, Мек Еван одби па победникот се одлучуваше во „тај-брејк“ или „мајсторка“. А победник излезе Хамиш кој го грабна златото, додека Мек Еван заврши со среброто.

 

 

ПретходноДоминација – САД до злато на штафетата 4х400 со олимписки рекорд
СледноГатузо не простува – го исфрли Перишиќ од тимот!