Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо нема милост кон фудбалерите па дури и ако се работи за големи ѕвезди. Гатузо го исфрлил од првиот тим Иван Перишиќ поради недисциплина. Оваа вест доаѓа пред патувањето на Хајдук на мечот со Локомотива. Па така 35-годишниот крилни напаѓач нема да биде во комбинација за овој меч.
Ова не е прв пат Гатузо да исфрли важен играч од составот. Пред гостувањето на Фарските Острови кај ХБ Торшавн, Италијанецот го отстрани Емир Сахити поради недисциплина, а потоа го врати на следниот меч.