На тешкото гостување вчера кај тимот на Рос Каунти, екипата на Данди Јунајтед обезбеди бод со ремито 1:1. Единствениот гол за гостите го постигна Давид Бабунски нашиот интернационалец кој заедно со Кристијан Трапановски се вистинско откритие на стартот на шкотскиот Премиер лигашки шампионат. Нема меч да не постигнат или асистираат за гол, веќе беа дел и од најдобрите единаесет во лигата и едноставно не можеше да почне нивната авантура во Шкотска подобро.
Навивачите на Данди тоа го препознаваат, а како типични Островјани веќе смислија и песна. Trapanovski is on fire пееа синоќа Шкотите, а несомнено и Бабунски наскоро ќе се најде во некој нивен стих.
Заедно со Бојан Миовски кој е во топ пет играчите во Шкотска во моментов и е пред голем трансфер, како и Давор Здравковски, Бабунски и Трапановски сочинуваат квартет од интернационалци кои и тоа како добро го претставуваат мак фудбалот и докажуваат дека во таа силна лига можеме добро да се снајдеме и одиграме на потребното ниво.
Момци само напред.