Во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, 33-та по ред во самостојна Македонија, вообичаено се огласи мна своите социјални мрежи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.
Тој им посака на сите клубови успешна сезона:
“Драги љубители на фудбалот,
Овој викенд започнува новата фудбалска сезона 2024/2025 во Македонија.
Оваа сезона нека ни донесе игра изградена на тимски дух и почит кон противникот. Нека нашите терени бидат места каде што страста и ентузијазмот создаваат шампиони. Нека преовладее фер плејот и почитта меѓу сите тимови а на крајот нека победи најдобриот.
Ја користам оваа прилика да посакам многу успех и радости за стие тимови.
Со среќа на сите!“ напиша Сејдини.