Полувреме: Фитон Адеми од Шкендија е стрелецот на првиот гол во новата сезона!

185

Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. И веднаш да кажеме дека стрелец на првиот гол во 2024/25 сезона е напаѓачот на Шкендија, Фитон Адеми кој во 11.минута и даде гол на Беса на гостувањето во Гостивар.

На овој меч на пауза се замина со водство на тетовци со 1:2. Инаку ова е прв историски меч на Беса во елитата.

Имаше голови и на Маџари, каде се среќаваат Шкупи и Воска, а резултатот е 1:1. Истиот резултат е во Битола каде играат Пелистер и Гостивар, додека немаше голови во Струга на мечот Струга ТЛ и Тиквеш. Во Скопје каде на Арената играат Работнички и Силекс, водство имаат домаќините од 1:0.

Значи иако се игра на пеколни горештини сепак има голови, се игра интересен фудбал.

Вечерва од 20 часот во Струмица се среќаваат Брера и Вардар.

ПретходноАмериканките ја победија Франција и го освоија златниот медал!
СледноФормула 1 објави 3,7 милиони гледачи по првите 14 трки