Челзи го претстави најскапото засилување!

375

Челзи претстави уште едно ново засилување. Португалскиот напаѓач Педро Нето е ангажиран од Вулверхемптон за вкупно 54 милиони фунти. 24-годишниот фудбалер присуствуваше на контролата на лондончани против Интер и беше претставен на навивачите на полувремето на Стемфорд Бриџ.

„Се чувствувам благодарен што се приклучив на овој клуб. Работев многу напорно во кариерата за да бидам тука и со нетрпение очекувам да го облечам дрес и да излезам на теренот“, изјави Нето.

Челзи постигна договор со Вулвс во петокот, откако Волците ги одбија првите две понуди на лондончани. Првично ќе платат 51,4 милиони фунти, со 2,6 милиони бонуси. Ова е рекордна продажба за овој тим.

Нето е деветтото ново засилување на „сините“, кои за летната селекција дадоа околу 185 милиони фунти.

Инаку Челзи одигра нерешено против Интер (1-1) во пријателски меч.

ПретходноГоран Станиќ: Работнички може и подобро, ама сепак задоволен сум од победата!
СледноСолзите на Миовски! (ВИДЕО)