Тотенхем суспендираше играч поради вдишување на азотен оксид

93

Играчот од средниот ред на Тотенхем, 27-годишниот Малиец, Ив Бисума ќе го пропушти првиот натпревар оваа сезона бидејќи клубот го казни поради вдишување на т.н. гас за смеење. Тотенхем во понеделник (19.08) ќе гостува кај повратникот во Премиер-лигата, Лестер, а Бисума нема да биде меѓу патниците поради суспензија.

Бисума објави видео на Snapchat во неделата на кое може да се види како вдишува гас од балон додека се смее, па претпоставката е дека се работи за азотен оксид (N2O), благ анестетик популарно познат како гас за смеење, кој има немедицинска употреба, што пак е забрането во Велика Британија.

Бисума се извини, а Тотенхем по завршувањето на внатрешната истрага му изрече суспензија од еден натпревар.

 

ПретходноМиовски со емотивна порака до фановите на Абердин
СледноМанчестер Сити изненадувачки ангажираше талентиран напаѓач од Вест Хем