Поради административни проблеми на велешани, мечот Борец – Башкими ќе се игра во вторник!

1372

Утре стартува новата сезона во ВМФЛ и тоа со мечевите од 1.коло кои се закажани за 17 чаосот. Сепак нема да се играат сите осум во утрешниот ден, имено дуелот Борец – Башкими е одложен и презакажан за во вторник (20.08.2024).

Според нашите сознанија велешани се соочуваат со административни проблеми, со регистрација на играчи, па затоа место утре во стандарниот термин овој натпревар со Башкими тимот на Борец ќе го игра во вторник.

Инаку ова се мечевите кои се утре на програмата од 17 часот:

Осогово – Вардар (Н), Скопје – Вардарски, Кожув – Саса, Детонит – Новаци, Брегалница – Победа, Македонија ЃП – Охрид и Аресими – Беласица.

ПретходноТешки услови во Синсинати: Холгер Руне се онесвести за време на меч
СледноПандев си одбра: Ова се најдобрите 11 фудбалери со кои тој играл!