Кога ќе имаш блескава и повеќе од две децении кариера, кога ќе играш заедно со стотина квалитетни играчи тогаш јасно е дека ќе сим имаш проблем да го одбереш идеалниот тим составен од играчи со кои си играл заедно. Така е и со нашата фудбалска и спортска легенда, Горан Пандев.
Тој за емисијата “Моите ТОП 11“ се одлучи за следните единаесет:
Голман: Буфон (Парма). Одбрана: Ристовски (репрезентација на Македонија), Самуел (Интер), Костов (Беласица). Среден ред: Хамшик (Наполи), Станковиќ (Интер), Бадељ (Џенова), Снајдер (Галатасарај – Интер). Напад: Коти (Специја), Рапаиќ (Анкона), Роки (Лацио). Тренер: Мурињо.
Ова се тие единаесет на Горан Пандев, човекот кој со Интер во 2010 беше и освојувач на Лигата на Шампоните.
За тренер нема сомневање дека изборот на Пандев беше „специјалниот“.