Претседателот на ФИБА Европа, Господинот Хорхе Гарбахоса денеска е во посета на Македонија додека Кошаркарската Федерација го организира второто во низа младинско европско првенство за ова лето.
Гарбахоса беше пречекан од својот долгогодишен пријател и Претседател на КФСМ, Перо Антиќ и од Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски. Со раководството на КФСМ, а на покана на Претседателот на владата на РМ, господинот Христијан Мицкоски, Гарбахоса оствари работна посета во Охрид каде беше пречекан и од Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и од Министерот за спорт, Борко Ристовски.