Одбојкарите со прв тренинг во Тбилиси, утре одиме на прва победа

60

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го oдржаа официјалниот тренинг во Тбилиси пред утрешниот натпреварот со Грузија на почетокот на квалификациите за ЕП 2026.

Македонија во овојдуел влегува како фаворит, откако веќе трипати по ред настапи на континенталните собири. Избраниците на Хари Наковски, предводени од капитенот Никола Ѓоргиев, очекуваат старт на квалификациите со победа, која ќе биде исклучително важна во обидот да го продолжиме трендот на учества на европските првенства.

Мечот со Грузија ќе се одигра утре од 14 часот во „Спорт Палас“ арената во Тбилиси. Судии на мечот ќе бидат Тудор Поп од Романија и Томас Бугар од Чешка.

ПретходноЕлмас е повреден, не е во комбинација кај “биковите“ за утрешниот меч во Купот на Германија!
СледноСтруга 2024: Вардар го прегази Гуиф за место во финалето