Ракометарите на Вардар без поголеми проблеми ја остварија и втората победа во рамките на групната фаза на 52. издание на Меѓународниот турнир во Струга. Во првиот меч од денешната програма, „вардарци“ славеа со 32:18 против шведскиот состав Гуиф и со тоа го освои првото место во групата.
Оваа победа практично значи дека „црвено-црните“ ќе играат во финалето на турнирот, а за противник ќе го имаат подобриот од вториот вечерен дуел меѓу Е. Пелистер и ПАОК кој решава за првото место во втората група.
Маргели со седум гола и Ќосевски со пет беа најефикасни во составот на Вардар.