Младата турска фудбалска сензација, Кенан Јилдиз го продолжи договорот со Јувентус и ја доби „десетката“ на неговиот дрес. Денеска „Старата Дама“ го објави потпишувањето на новиот договор со 19-годишниот турски играч за врска, кој ќе биде со важност до јуни 2029 година.
Јилдиз од оваа сезона ќе игра со дресот кој претходно го носеа Алесандро Дел Пјеро, Мишел Платини и други играчи.
Минатата сезона Јилдиз одигра 27 натпревари во Серија А и постигна два гола.
Il nostro nuovo numero 1️⃣0️⃣ ha un messaggio per voi 🤳🏻🤍🖤 pic.twitter.com/akf9n5RWa4
— JuventusFC (@juventusfc) August 16, 2024