Комо се засилува со уште еден ветеран, сака да донесе играч на Барселона

698

Новиот италијански прволигаш Комо сака да го донесе во своите редови играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, пренесува спортскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Неодамна Барселона објави дека се разделуваат со 32-годишниот фудбалер кој одиграл 343 натпревари за овој клуб од кои 24 минатата сезона.
Неговата вредност на пазарот е околу 2,5 милиони евра.
Комо се потпира на искусни играчи сезонава во најсилната италијанска лига, па така во тимот се Симоне Верди, голманот Пепе Реина, Рафаел Варан, Симоне Верди, Алберто Морено, Андреа Белоти… Тренер е Цеск Фабрегас.

Претходно„Флекс кредит”: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци 
СледноПроблем за Столе, Мамардашвили останува во Валенсија!