Босанскиот голман на 37 години се враќа во Премиер лигата

393

Прославениот голман од БиХ, Асмир Беговиќ се враќа во англиската Премиер лига затоа што договорил трансфер во Евертон. Беговиќ кој има 37 години нема намера да стави крај на кариерата, а минатата сезона играше одлично во Квинс Парк Ренџерс, па по истекот на едногодишниот договор како слободен играч да оди во Евертон.
Двете страни се договориле, ќе биде потпишан договор на една година. Со тоа искусниот играч се враќа на Евертон во кој бранеше до минатото лето. Бил член и на Милан и Челзи, но најдобрите игри му беа во Стоук.

ПретходноОФМ ги отвора вратите на „Јане Сандански“: Влезот за мечот со Грција в недела ќе биде слободен!
СледноБашкими минимално славеше на гостувањето кај Борец