Како и што најави, колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез се враќа во Европа. Според најновите информации тој е многу блиску до преселба во Рајо Ваљекано.
Колумбиецот веќе отпатува за Мадрид, каде што го чека комплетирањето на зделката.
Минатата сезона Хамес играше за Сао Паоло. 33-годишниот играч од средниот ред го раскина договорот со бразилскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели во Рајо.
Во Шпанија, играчот од средниот ред веќе играше за Реал Мадрид.