Добри вести од Романија за македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт. Македонските фанови ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт што значи дека нема потреба да имаат само потврда за примени две дози на вакцини против коронавирусот.
А она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три дена, согласно кое при престој во Романија, Македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно.
Претходно се зборуваше дека само вакцинираните ќе можат да престојуваат во Романија и да ги следат натпреварите на Македонија, но одлуката е променета. Македонија на ЕП ќе игра два меча во Букурешт и тоа против Австрија (13 јуни) и против Украина (17 јуни).