Шок за Тотенхем! Првата напаѓачка виолина и моментално најдобриот фудбалер Хари Кејн им соопштил на раководните луѓе на клубот дека планира да си оди летоска, пренесува „Скај спортс“.
Овие информации одамна кружат низ англиските медиуми, а како што завршува сезоната во Премиер лигата така и се погласни. Кејн не е задоволен од тоа како се развива Тотенхем, не е задоволен од тоа што се уште нема освоено трофеј. Како што кажа самиот ништо не му значат головите и наградите за најдобар стрелец во клубот или Премиер лигата, ако тоа не го зачини до некој трофеј.
Затоа неговиот план е да ги смени клупските бои. Па така разврска чекаат неколку клубови меѓу кои двата гиганти од Манчестер, Челзи… А претседателот на Тотенхем Даниел Леви не сака да го пушти својот најдобар играч и за него бара 150 милиони фунти, соопштува „Телеграф“.
BREAKING: Harry Kane has told Tottenham he wants to leave the club this summer. (Source: Sky Sports) pic.twitter.com/5WYXLdto0Y
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 17, 2021