Нов шок: И Митровиќ и Милинковиќ – Савиќ го “откачија“ Пикси!

813

По шокот кој вчера го приреди Душан Влаховиќ, кој заради “семејни причини“ го одби повикот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси и нема да игра за Србија во септември, денеска нов шок за тамошќната фудбалска јавност.

Имено Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ нема да играат за Србија, демек биле повредени а вчера играа за својот Ал Хилал и тоа по 90.минути.

Секако без Влаховиќ, Митровиќ и СМС репрезентацијата на Србија ќе биде драстично ослабена за дуелите со Шпанија и Данска во Лигата на Нации.

Сега се поставува прашањето дали навистита овие тројца имаат семејни проблеми и се повредени или пак проблемот е во Пикси.

Изгледа дека е ова другото. Па кој фудбалер сака да се бламира ако на клупата го има овој селектор?Јасно е, никој.

Но, тоа е нивна работа. Пикси ја доби довербата од првиот човек на таа држава па нека игра сега без најдобрите репрезентативци.

Инаку Пикси истакна дека сите тројца му се јавиле и му објасниле во што е проблемот.

Сепак, тоа е општа клултура…

ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски “главен“ во Гостивар, Трпчевски ќе му суди на Вардар
СледноСекоја чест: Гвардиола од свој џеб им исплатил 600.000 евра на вработените во Манчестер Сити!