Гвардиола: Нема стопер кој може да го запре Халанд, ниту со пиштол!

204
Фото: Манчестер Сити/Твитер

Пеп Гвардиола е убеден дека не постои дефанзивец кој може да го запре Ерлинг Халанд откако неговиот напаѓач постигна хет-трик втор натпревар по ред. Во вчерашниот натпревар од 3.коло на Премиер-лигата, Манчестер Сити победи со 3:1 на гостувањето кај Вест Хем, а одличниот норвешки напаѓач го постигна седмиот првенствен гол.

Халанд на импресивен начин ја започна својата трета сезона со Манчестер Сити и Премиер-лигата. На стартот погоди против Челзи за победа од 2:0, а потоа со три гола го предводеше Сити до победа од 4:1 против Ипсвич. Вчера повторно се инспирираше, а сето тоа го натера менаџерот на тимот Пеп Гвардиола да го пофали.

“Ерлинг е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол. Толку е незапирлив. И сите го знаат тоа”, изјави Гвардиола и додаде:

“Оваа сезона ја подобри својата игра во сите сегменти. По тренингот останува дополнителни 20 минути или половина час. Минатата сезона тоа не го направи ниту еднаш. Среќни сме поради хет-трикот. Тој не загуби ниту една топка и одигра неверојатно, не само со топката, туку и дефанзивно и офанзивно“. 

ПретходноМедведев и Швјонтек рутински до 1/8 финале на УС Опен
СледноШкупи се раздели со Руатубјаје!