Нико објасни зошто одлучил да остане во Атлетик Билбао

63

Една од ѕвездите на ЕУРО 2024, Нико Вилијамс зборуваше за одлуката да остане во Атлетик Билбао и покрај сериозни понуди. Ова лето 22-годишниот крилен напаѓач беше интересен за Барселона, ПСЖ, Арсенал и Челзи.
Секогаш е добро да знаете дека големите клубови имаат планови за вас. Но, сакам да останам во Атлетик. Посебно е чувството што не можеш да го добиеш во други клубови. Навистина се радувам на можноста да успеам во Билбао.
Впрочем, имаше понуди од многу тимови, со нив се занимаваше мојот агент. Срцето ми чука со Атлетик. Имам договор, но никој не знае што ќе се случува во иднина“, изјави Нико, кој оваа сезона со својот тим ќе игра во Лига Европа.

ПретходноКој ќе биде новиот тренер: Вардар бира меѓу Срле, Седло и Мрме!
СледноКомичен автогол на „Фратон парк“ (видео)