Мечот меѓу Портсмут и Сандерленд во 4.коло од Чемпионшип дивизијата го одбележа комичен автогол на домашните фудбалери. Во 31 минута по акција на Сандерленд, голманот на Портсмут одбрани, еден дефанзивец на домашниот тим се најде во близина и се обиде да ја исфрли топката што подалеку меѓутоа неговиот шут заврши во телото на соиграчот Зак Свонсон и заврши во мрежата.
На крајот Сандерленд победи со 3:1, а голот за домашните всушност беше автогол на Лук О’Нин во 92 минута.
HT Portsmouth 0 – 1 Sunderland
Lovely OG 😎#SAFC 🔴⚪️ pic.twitter.com/QfycNIVvS5
— TheSAFCBible1879 (@SAFCBible1879) August 31, 2024