Ваљадолид, за кој играат двајцата македонски ракометари Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, го освои трофејот на „Купот на Кастиља и Леон“. Тимот предводен од Давид Писонеро во полуфиналето го совлада Бургос со 28-26, а на тој меч Карапалевски постигна три гола, а Димитриовски еден.
Во финалето беше подобар од Виља де Аранда со 33-32, а Карапалевски постигна пет гола, а Димиртиовски три.
Инаку сезоната во шпанската Асобал лига почнува на 13 септември, а Ваљадолид игра дома со Кангас.
Дома Ракомет Интернационални Димитриоски и Карапалевски со трофеј пред стартот на сезоната во Шпанија