Очекувано. Бојан Круљ не е веќе тренер на Брера Струмица. Ова официјално го потврдува клубот од Струмица на своите социјални мрежи и ивестува дека го спогодобено го раскинал договорот со младиот стратег од Србија.
Ова доаѓа откако Брера под водство на Круљ имаше три убедливи пораи во низа, сега е последна на табелата, а играше и катастрофално лошо.
Секако дека раководството на Брера му се заблагодари на досегашната соработка на Круљ.