Џирона убедлива кај Севиља, Миовски остана на клупата!

271

Севиља – Џирона 0:2 е епилогот од вечерашниот меч во Ла Лига во рамките на 4.коло. И веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативец Бојан Миовски на ова гостување во Андалузија не доби минутажа, целиот меч го преседе на клупата за резерви.

Гостите беа далеку подобри, креираа повеќе шанси па затоа и заслужено победија. Стрелци на головите беа Мартин во 41.минута и Руиз во 73.минута од пенал.

Со овие три бода тимот на Бојан Миовски сега по 4.коло има 7 бодови и се наоѓа на 4-тото место на табелата во Ла Лига, иако колото сеуште е некомплетирано.

ПретходноНенад Монев од Работнички со Диплома за фудбалско лидерство и менаџмент на УЕФА!
СледноРаскол во Барса: Деко си заминува, виновен е само Лапорта!