Во големото дерби во Серија А, во рамките на 3.коло во новата сезона, вечерва во Торино домашниот Јувентус и Рома одиграа без голови 0:0.
Премногу тактика, премногиу тактизирање, целта беше по секоја цена да не се загуби, игра без ризик, па затоа може да се каже дека и двете екипи одиграа натревар за заборав.
Во првото полувреме Влаховиќ беше во шанса, но голманот на римјанитте Свилар одбрани. Во самиот финиш на мечот Рома во два наврати се закани, но сепак на крајот резултатот гласеше 0:0. Шаховски меч меѓу тренерите Мота и Де Роси.
Јуве со ова реми го расипа одличниот старт од две победи, па така сега е на делба на првото место со 7 бодови, колку што има и шампионот но уште две екипи.
Ако е нешто добро за Јуве по овој меч е тоа дека и натмаму овој тим нема примено гол во новата сезона во Серија А.