Ромео Бекам нема да биде наследник на Дејвид на фудбалските терени. Иако се најавуваше дека 22-годишниот син на легендарниоот англиски репрезентативец ќе го наследи на зелениот терен, тој изненадувачки реши да ги „закачи копачките“ и да оди во сосема друга насока.
Таблоидот „САН“ пишува дека Ромео Бекам кој играше за англискиот тим Брентфорд, откако го заврши договорот со клубот ова лето, решил да не потпишува нов.
Иако клубот му понуди продолжување на соработката, 22-годишниот фудбалер решил да не ја прифати понудата и целосно се откажа од спортската кариера. Новинарите објавија дека Ромео сака да се фокусира на својата кариера како манекен.
„Ромео реши животот да го посвети на друга професија – манекенството. Тој сакаше да игра за Брентфорд, но одлучи дека е време да се фокусира на модата. Ова е неговата страст“, изјавиле неговите пријатели.