Трансфер пазарот заврши, но Рабио, Депај, Марсијал, Навас, Хумелс, Рамос… се уште немаат клуб!

1295

Европскиот трансфер пазар веќе заврши, но оргомен број на квалитетни фудбалери се уште се без клуб. Колку и да звучи чудно, дел од нив не се ни на повидок да си најдат нова средина.

Меѓу голманите без клуб остана Костариканецот Кејлор Навас, освојувач на три ЛШ со Реал на Зидан. Тој сега има 37 години и штотуку заврши со ПСЖ. Покрај него од голманите се слободни и 39-годишниот Гилермо Очоа кој заврши со Салернитана, како и Германецот Лорис Кариус.

Меѓу дефанзивците клуб се уште немаат Серхио Рамос (38), Матс Хумелс (35), Жоел Матип, Симон Кјаер и Костас Манолас. Од играчит ево средниот ред без нови клубови останаа Адриен Рабионо и Јусуф Јазичи, Андре Гомеш, Перишиќ, Прает, Класен, Рафиња, Пјаниќ и Стротман.

На пазарот има и слободни напаѓачи. Тука се Мемфис Депај и Ентони Марсијал, но и Висам Бен Једер и Вилијан, Виктор Мозес, Марио Балотели, М’баје Нианг, Чупо-Мотинг и Жоао Педро.

ПретходноВардар потврди: Захариевски е нов кормилар на „црвено-црните“
СледноРоналдо повторно повикан во репрезентацијата на Португалија за ЛН