Горазд Михаилов ќе биде нов тренер на Брера

1172

Откако вчера Брера и досегашниот тренер Бојан Круљ ја завршија соработката, денеска стигнуваат и првите вести за неговиот наследник на клупата на струмичани. Според информациите до кои дојде „СпортСпорт“, нов предводник на Брера треба да биде екс-тренерот на Вардар, Горазд Михаилов.

Михаилов си замина од кормилото на „црвено-црните“ по само две кола во домашниот фудбалски шампионат. Останува да се завршат преговорите и тој да ги преземе струмичани во продолжението од сезоната.

ПретходноРоналдо повторно повикан во репрезентацијата на Португалија за ЛН
СледноФурние се враќа во Европа, Реал, Олимпијакос, Ц. Звезда во битка за неговиот потпис