Денеска со прозивката и собирот, а попладнево со првиот тренинг, нашата најдобра фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за мечевите со Ф. Острови и Ерменија. Под водство на селекторот Благоја Милевски, нашите најдобри фудбалери го одработина првиот тренинг и тоа во некомплетен состав. Допрва ќе се придружат Елмас, Миовски, Трајковски, Бабунски, Трапановски…
Да потсетиме дека прво играме во Торшавн на 7 септември, а потоа на 10 септември играме дома против Ерменија. Ова се први мечеви од Лигата на Нации.