Бергвајн направи трансфер во С.Арабија, Куман му ја затвори вратата во репрезентацијата

182

Селекторот на Холандија, Роналд Куман зборуваше за одлуката на репрезентивецот Стивен Бергвајн да отиде во Ал Итихад од Саудиска Арабија. На Куман не му се допадна ова и го искритикува играчот.
„Трансфер во Саудиска Арабија, на 26 години е потврда за недостаток на спортска амбиција. За него вратата во холандската репрезентација е затворена“, изјави Куман.
Бергвајн направи трансфер од Ајакс во Ал Итихад за 23 милиони евра и им се приклучи на Бензема и Канте кои играат во овој клуб.
Во меѓувреме, освен Бергвајн, Ал Итихад ги претстави и Данило Переира и Марио Митај како нови играчи. Централниот бек Переира дојде од ПСЖ, а левиот бек Митај од Локомотив Москва.

ПретходноЛитванци ќе ни судат во Торшавн!
СледноМонпеље во проблем, екс-вардарецот со тешка повреда