Веселин Вујовиќ речиси сигурно се враќа на клупата на Вардар, јавува „Хендбол планет“ од свои извори.
Вујовиќ треба да го наследи Стефче Алушовски на клупата на „црвено-црните“, кој потврди дека нема да го води тимот следната сезона.
Вујовиќ трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првиот пат беше од 2006 до 2009, а потоа се врати во 2011 и беше дел од „црвено-црните“ до 2013.