Ќе биде „жешко“: “Торцида“ доаѓа во Белград, ќе навива за Бенфика на “Маракана“!

2683

На 19 септември, во рамките на 1.коло во ЛШ, во Белград се игра средбата меѓу Ц. Звезда и Бенфика. Во пресрет на овој меч интересни информации пристигнуваат од Лисабон. Имено се вели дека на “Маракана“ ќе се најдат и фанови на Хајдук, значи и “Торцида“ доаѓа во Белград, со една цел – а таа е да се навива за Бенфика.

Имено познато е дека фановите на двата клуба, на Хајдук и Бенфика се збратимени, имаат некои свои релации.

Можеме само да претпоставиме што ќе се случи на “Маракана“ ако се извадат хрватски знамиња, ќе биде хаос.

Медиумите во Србија потенцираат дека тешко ќе се оствари ова сценарио ако се знае дека на граничниот премин меѓу Србија и Хрватска, секако дека фановите од Сплит ќе бидат детално претресувани, се разбира ко тргнат накај Белград.

ПретходноХуан Мата ќе игра за клуб од Австралија
СледноРоналдо против Хрватска го постигна 900. гол во кариерата