Ентони Марсијал би можел да се пресели во бразилски Фламенго.
Бразилскиот клуб е во преговори со поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, гледајќи го како замена за Педро Абреу, кој заработи повреда на предните вкрстени лигаменти, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Марсијал моментално е слободен агент. Претходно за него се појави интерес и од грчкиот клуб АЕК, но и од француски Лил. 28-годишниот Французин се уште е без клуб и се уште размислува каде да ја продолжи кариерата.