Фудбалскиот сојуз на Германија во соработка со полицијата покрена истрага за наводно наместени 17 натпревари во тамошните лиги. Се работи за натпревари од третата лига на Германија и регионалните лиги.
Информацијата ја пренесува „Hamburger Morgenpost“ каде што се наведува дека под сомнеж за натпревари од третата лига и регионалните лиги.
Полицијата истражува за измама и обложување за стекнување на висок профит. Истражителите наводно пронашле потенцијални докази во преписките кои се анализирани за да бидат доказ за кривичното дело.
Наводно – некои фудбалери, дефанзивци и голмани, дозволувале голови и учествувале во измамата.
Германија еднаш се соочи со скандал за наместени натпревари, кога фудбалскиот судија Роберт Хојцер призна дека учествувал во местење на натпревари.