Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја разгледува опцијата кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, откако ќе гоз аврши и последниот договор со кралскиот клуб.
Според информацијата која ја објави новинарот Рамон Алварез де Монт, раководството на Реал Мадрид ќе инсистира Чаби Алонсо да биде наследник на Анчелоти и тоа веднаш откако ќе заврши соработката со Италијанецот, а нов договор нема да биде потпишан.
Актуелниот работен договор на италијанскиот стручњак со „кралевите“ е до летото 2026 година. Анчелоти се врати во Реал Мадрид во летото 2021 година. Пред ова, 65-годишниот тренер ги водеше „галактикоси“ од 2013 до 2015 година. Под водство на Анчелоти, шпанскиот гигант трипати ја освојуваше Лигата на шампионите.