Жозе Мурињо за неколку месеци ќе добие уште едно големо засилување во екипата на Фенербахче. Како што потврди Фабрицио Романо, турскиот клуб го комплетирал трансферот на Кристијан Медина од Бока Јуниорс.
Турскиот клуб наводно се договори со Бока Јуниорс за договор со кој Медина ќе дојде во Турција на почетокот на 2025 година. Тоа значи дека Мурињо малку ќе почека, но во вториот дел од сезоната ќе добие одличен фудбалер.
Сумата на трансферот е проценета на 15 милиони евра.
Медина потпишал договор до летото 2030 година. И покрај неговите 22 години, тој веќе има одиграно 155 натпревари за Бока Јуниорс.