Шампионот Струга Трим Љум повторно го врати во своите редови голманот Ведран Ќосевски. Голманот кој беше најдобар во минатата сезона требаше да се пресели во странство, но по три месеци, сепак, реши да се врати меѓу стативите на екипата на Струга ТЉ.
29-годишниот чувар на мрежата потпиша тригодишен договор до 2027 година.