ЛН: Англичаните ги чека „пекол“ во Даблин, Германија и Холандија на прв тест

72

Третиот ден од натпреварите во Лигата на нации ни носи нови 9 средби. Премиерата е во Торшавн меѓу Фарските Острови и Македонија, а потоа следуваат и дуелите во останатите конкуренции.

Во фокусот ќе биде дуелот меѓу селекциите на Р. Ирска и Англија во рамките на Б-сегментот од натпреварувањето. Англичаните го започнуваат походот во пониската дивизија по слабиот настап во последното издание, во кое не победија ниту еден меч. Герет Саутгејт ја напушти селекторската позиција, па сега Англија ќе биде предводена од привремената замена Ли Карсли. „Гордиот Албион“ на овој меч е без Џуд Белингем, Фил Фоден, Кол Палмер и Оли Воткинс, а Кајл Вокер не беше повикан за овие дуели. Ирците, кои имаат и нов селектор – Исланѓанецот Хајмир Халгримсон, ќе бидат многу мотивирани пред соствената публика да остварат голема победа.

Во А-сегментот подмладена селекција на Германија ја пречекува Унгарија во Дизелдорф, додека во другиот натпревар од истата група, селекцијата на Холандија ја пречекува селекцијата на Босна и Херцеговина.

Во рамките на Ц-сегментот, Ерменија во нашата група ќе игра со Летонија, а во Д-сегментот ќе го следиме дуелот меѓу Молдавија и Малта.

ПретходноПознат составот: Тргнуваме со Миовски, Елмас и Чурлинов во нападот
СледноЖФК Љуботен со историска победа во ЛШ