Инцидент на тренингот на Холандија, Куман морал енергично да реагира!

508

Како што известуваат медиумите во Холандија, имало инцидент на тренингот на репрезентацијата на оваа земја. Имено во инцидентот биле вклучени репрезентативците Вут Вегхорст и Јуриен Тимбер. Причината била поради некој поостар старт. Дошло до мешаница, па затоа морал енергично да реагира и селекторот Роналд Куман по што тензиите се намалиле.

По се ова Вегхорст го фрлил дресот и видно изнервиран го напуштил тренингот.

Инаку Холандија во вторник на свој терен во Лигата на Нации ја дочекува Германија.

И двете репрезентации блескаа на првите мечеви, “лалињата“ славеа против БиХ со 5:2 а “панцерите“ ја победија Унгарија со 5:0.

ПретходноВо 180-тиот меч за Хрватска: Модриќ со супер гол донесе победа, Роналдо повторно “тресеше“, Шпанија ја совлада Швајцарија!
СледноАмерикански бизнисмен ги избркал тренерите затоа што не му давале на неговиот син да игра