Ангеловски: Горд сум на моите играчи

129
facebook Eurofarm Pelister

Македонскиот ракометен првак Пелистер со пораз ги почна настапите во Лигата на шампионите, но тимот на Бранислав Ангеловски покажа голема борба и упорност, која на крајот од негатива од осум голови го донесе на само еден гол разлика на гостувањето кај францускиот шампион ПСЖ.

„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, изјави Ангеловски по мечот.

Во следното коло Пелистер ќе го одигра првиот домашен меч и тоа против германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.

ПретходноБорусија (Д) е убедливо најгледаниот домашен тим во Европа, Милан е втор
СледноБаерн (М) нуди богатство само за да го задржи Мусиала