На играч на Тотенхем му се заканува суспензија од 12 меча поради бизарна изјава

1256

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) објави дека играчот за врска на Тотенхем, Родриго Бентанкур може да биде казнет со забрана за играње на 6 до 12 натпревари поради бизарна изјава на своето последно интервју.
ФА објави дека од Бентанкур побарал да се изјасни откако тој го прекршил правилото Е3 за недолично однесување за време на интервју, а се работи за коментар за соиграчот Хеунг Мин Сон.

Тој го интервју зборуваше за репрезентацијата на Јужна Кореја на уругвајска телевизија и кажал дека Сон и сите негови соиграчи/сонародници изгледаат исто. Од ФА оцениле дека тој користел навредливи зборови.
Бентанкур е обвинет за наводно кршење на ФА правилото Е3 поради недолично однесување во врска со интервју за медиумите. Неговата изјава претставува повреда која е дефинирана во правилото Е3.2. Се работи за правило за повикувсање, индиректно или имплицитно, на националност и/или раса и/или етничко потекло“, пишува во објавата на ФА.
Бентанкур му се извинил на Сон, но на 19 септември повторно ќе мора да одговара пред ФА по ова прашање.

ПретходноБобан „распали“ по УЕФА: Мислат дека се над фудбалот
СледноТоти: Рома имаше хаотичен преоден рок, се плашам дека Де Роси ќе биде жртвено јагне како Мурињо