Бобан „распали“ по УЕФА: Мислат дека се над фудбалот

3627

Легендарниот играч на Хрватска и Милан, Звонимир Бобан ја напушти функцијата фудбалски директор во УЕФА во јануари, а сега распали по оваа организација. Бобан беше фудбалски директор во 2021 година, а си замина во јануари по најавените промени во статутот на организацијата според кој претседателот Александар Чеферин би можел да остане и подолго од трет мандат.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Бобан изјави дека си заминал од УЕФА од морални причини, а открива дека не бил од никаква корист во организацијата.
Уживам во нормалниот живот. Фамилијата и пријателите, ужувам во времето што го имам. Исто така имам хобија: книги, играње на карти и шах. Се разбира гледам и фудбал, ги следам состојбите во првенствата“, вели Бобан.

За УЕФА беше критичен.
Направив многу компромиси во мојот живот, се срамам од некои од нив. Но, со чистата политика на оние кои го оцрнуваат светот на фудбалот за да ги бранат сопствените интереси, не можеше да се продолжи.
За жал, со години гледаме дека технократијата дивее во фудбалскиот систем, лишувајќи го од вредностите што треба да ги застапува и брани. Овие луѓе мислат дека се поважни од играта, играчите, тренерите, поддржувачите“, изјави Бобан.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Артета продолжи со Арсенал
СледноНа играч на Тотенхем му се заканува суспензија од 12 меча поради бизарна изјава