Повторно е одложено судењето за смртта на Марадона!

85

Како што јавуваат аргетинските медииуми по вторпат е одложено судењето на здравствените работници кои се обвинети за “убиство од небрежност“ во врска со смртта на Диего Марадона.

Судот ја прифати молбата или барањето на тројца од осумте обвинети па така место на 1 октомври ова судење ќе започне во март следната година.

Треба да се каже дека првично беше закажано за 4 јуни.

Марадона почина на 60 годишна возраст во ноември 2020 година од срцева болест. Инаку обвинети се неговите неврохирург, психолог, психикатар, медицински сестри и ако се докаже дека се виновни тогаш ќе добијат затворска казна од 8 до 25 години.

ПретходноПартизан го донесе 13-тото засилување ова лето
СледноУЕФА ги враќа руските клубови во европскиот фудбал?