Младиот Германец Фабиан Хурцелер (31) е прогласен за тренер на месецот во Премиер – лигата. Тој со ова испиша историја, имено стратегот на Брајтон стана најмладиот менаџер кој е избран за најдобар во месецот во ПЛ.
Брајтон под негово водство во првие три кола славеше против Евертон и Манчестер Јунајтед, а одигра нерешено со Арсенал.
За играч на месецот немаше дилеми. Прогласен е Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити кој на првите три меча успеа да постигне дури седум голови.
Апсолутно заслужено.