Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на златниот медал на Олимписките игри во Париз зборуваше за своите неславни денови на Австралија опен во период на корона вирусот кога не му беше дозволено да стапне на континентот.
Новак објасни што всушност се случувало на аеродромот како гостин на емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“.
„Таа австралиска ситуација беше кошмар за мене. Тоа беше стриктно политички и тоа сите го знаат. Година дена подоцна кога го освоив Австралија опен 2023, емоции почнаа да излегуваат од мене. Ја прегрнав мајка ми, легнав на под…
Имав избор, кога ме држеа 10 часа на аеродромот, па по четири часа ми го одземаа телефонот, па ме однесоа во затворски хотел… Таму луѓето беа затворени по девет години. Имаше едно момче кое беше во затворот од 15. до 24. година. Поради мојот случај потоа беа покренати процеси за нив, и мило ми е што тоа момче и некои други беа ослободени, добија азил.
Имав избор, да ми ја поништат визата и да се вратам дома, да се борам од дома, но реков дека сум Србин и дека сум инает и дека се борам за правда“, кажа Новак.
„Не можев тоа туку така да го пуштам да помине. Решив да се борам и победив на првиот спор, бев пуштен на четири дена и ме гледаа како разбојник. Потоа пак ме затворија, бидејќи имаше втор спор, а луѓето денес, барем 99 отсто не знаат зошто сум депортиран. Депортиран сум бидејќи министерот има право, ако не му се допаѓам, да не дозволи да влезам во државата. А ги имав сите потребни документи, дозволи… Ме снимаа во авионот, секој мој чекор. Требаше да одам во Шпанија, па ми го применија билетот во билет за Србија“, рече Ѓоковиќ.