Алкалоид и Пелистер по „лесни“ бодови, дерби дуел во Охрид

142

Денеска продолжуваат мечевите од второто коло во Супер-лигата, на програмата се четири пресметки. Први на теренот ќе истрчаат Алкалоид и Радовиш. По големиот триумф над Вардар на стартот на сезоната, избраниците на Кирил Лазаров во Автокоманда ќе имаат полесна задача и шанса за нови бодови на табелата. Мечот е закажан во 12 часот.

Иако зад себе имаат тежок меч, Пелистер одлучи денеска да го пречека тимот на Струга и полека да се подготвува за новиот предизвик во Лигата на шампиони против Фуксе Берлин на домашен терен.

Дербито на ова кола е во Охрид, каде Стевче Алушовски и неговите момци се домаќини на Бутел Скопје. И двата тима во првото коло имаа полесна задача, па денеска ќе имаат шанса да видат со какви сили располагаат. Дуелот стартува во 19 часот.

14.09.2024 – САБОТА
12:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК РАДОВИШ
17:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ПРИЛЕП
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК СТРУГА
20:00 часот ГРК ОХРИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.09.2024 – СРЕДА
19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ 2014
ПретходноНавивачите на Ал Наср немаат дилеми кој е „GOAT“ во историјата на фудбалот
СледноТотре си замина од Ворскла и потпиша договор со турски второлигаш