По 15 години на терените во Англија се пресели во турски Анталијаспор

834

Турскиот Анталијаспор го ангажира 33-годишниот крилен фудбалер Андрос Таунсенд. Поранешниот англиски репрезентативец, кој го носеше дресот на „Гордиот Албион“ на 13 натпревари првпат ќе игра надвор од Островот и потпиша двегодишен договор со Анталија во турската Суперлига.
Таунсенд ја почна кариерата во 2009 година во Тотенхем и во изминатите 15 години играше за 14 различни клубови, што во Премиер лигата, што Чемпионшип и во пониските лиги.
Во Тотенхем беше од 2009 до 2016 година притоа со неколку позајмици во Јеовил, Лејтон, МК Донс, Ипсвич, Вотфорд, Милвол, Лидс, Бирмингем, КПР, во 2016 година потпиша постојан договор со Њукасл, па пет сезони во Кристал Палас, две сезони во Евертон и минатата сезона беше во Лутон Таун.

ПретходноПоразително: Италија има само еден стадион за ЕП 2032
СледноУ-15: Македонија учесник на УЕФА развоен турнир во Молдавија