Ова до сега не се случило: Загрижувачки потег на Ѓоковиќ

1044

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои апсолутно се што може да се освои и моментално, тој е на „активна проштална турнеја“. Тоа значи дека Ѓоковиќ и понатаму сака да игра, но само на Гренд Слемови, додека неговата мотивација не е на највисоко ниво и затоа се труди да игра што повеќе различни турнири и да запознава други култури, да ја сподели радоста со публиката околу светот…

Оттука и одлуката дека планот за крајот на 2024 година ќе биде сосема поинаков од досега. Така оваа недела Ѓоковиќ сосема ненадејно заигра во Бугарија на егзибицијата на својот пријател Григор Димитров, а потоа објави дека неговиот распоред е прилично празен и дека нема намера да го „полни“.

„Прв пат во кариерата немам долгорочни планови. Живеам во моментот и ќе видиме што ќе се случи. Играм со Григор во Софија, па во Кина, па на егзибициски турнир во Саудиска Арабија, не знам, ќе видиме и ќе процениме.

За мене е важно времето со семејството, сакам да бидам со сопругата и децата, да учествувам во нивните животи, што не можев да го направам во годините зад нас“, изјави Ѓоковиќ кој едноставно на поинаков начин си ги подреди приоритетите и тоа значи дека полека се ближи крајот.

Новак ќе биде на мастерсот во Шангај од 2 до 13 октомври (го освои четири пати, а не играше пет години), а потоа од 17-ти до 19-ти ќе игра во Саудиска Арабија со уште пет други големи играчи: Алкараз, Надал, Руне, Синер и Медведев.

Засега нема најави дека ќе учествува во Париз од 28 октомври, а без тој турнир тешко дека ќе го видиме во Торино.

Можеби е подобро така, ќе има доволно време за одмор до стартот на Австралија опен, каде би можел да цели на својот 25. Грен слем, со што апсолутно би ги „запечатил“ сите рекорди во тенисот. После тоа тешко дека ќе има мотивација колку и да се труди.

ПретходноРистовски по дебаклот: Кога примаш девет „парчиња“….
СледноИбрахимовиќ му одговори на Бобан: Кога мачката ја нема, глувците трчаат наоколу