ФИФА бара Уругвај да тргне две ѕвездички од амблемот

632

Фудбалската репрезентација на Уругвај мора да го смени амблемот по наредба на ФИФА, пренесува ЕСПН. Според изворот компанијата Пума која ги изработува дресовите на Уругвај го информирала националниот сојуз на оваа држава дека ФИФА налага да се симнат две од вкупно четири ѕвезди на амблемот пред стартот на СП 2022 во Катар.

На амблемот на Уругвај има четири ѕвездички, од кои две се однесуваат за освојувањето на Светските првенства во 1930 и 1950 година, а другите две за триумфи на Олимписките игри во 1924 и 1928 година.

Нормално фудбалскиот турнир на Олимписките игри сега не се во корелација со ФИФА, па не треба да се најдат на дресовите на било која фудбалска репрезентација за настапите на натпревари под капата на ФИФА. Но од Уругвај ги потсетуваат ФИФА дека во споменатите 1924 и 1928 години Олимпискиот турнир го организирала ФИФА, а од 1930 година ФИФА го стартувало проектот Светски куп во фудбал.

ПретходноПеналите го одлучија финалето, златото за Канада!
СледноСтефан Костов успешно опериран: Ќе се вратам уште посилен!